На претпоследниот ден на Фестивалот на филмска камера во Битола беше прикажан најновиот филм од трилогијата на Павел Паликовски, кој ги вклучува и „Ида“ (2013) и „Студена војна“ (2018). И овој се однесува на повоена Европа и е црно-бел. Но овој пат во фокусот е еден од најголемите германски писатели кои од надвор градел слика на аристократска воздржаност, но чии подоцна објавени дневници укажуваат на приватно длабоко несреќен човек. Овие контрадикции се огледало на длабоко поделената Европа помеѓу Запад и Исток по Втората светска војна.