Руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало е отстранет, а просторот околу него е целосно расчистен, информираат од Општина Центар. Од општината посочуваат дека станувало збор за импровизирана градба која подолг период била напуштена и претворена во место за одлагање отпад. По инспекциската проверка било утврдено дека објектот претставувал ризик за безбедноста