Македонското трио „Анимато“ на 28 септември ќе настапи во галеријата „Артгет“ при Културниот центар на Белград, Србија. Концертот „Музичко патување“ ќе почне во 20 часот. Триото, специфично по својот состав (две флејти и пијано), го сочинуваат пијанистката Светлана Димитриевска и флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска. На програмата се дела од Дмитриј Шостакович, Антон […]