Косово ја доби Ирска 1:0 со голот на Ведат Муричи во 83-та минута, но прославата ја искористи за политички гест со кој го засени фудбалот. Крена маица со порака „Правда за ослободителите“, која се однесува на актуелната пресуда за Хашим Тачи и другите поранешни функционери на ОВК, кои добија затворски казни во Хаг.