Истражувањето на Призма конечно го отвора прашањето што цело време го поставуваме за Барутана: кој стои зад притисокот за нов ДУП и кому му одговара да се урбанизира токму овој дел од Водно? Истражувањето покажува дека зад нацрт-планот не стои некаква потреба на Центар за нови станбени капацитети, туку инвеститори кои во изминатите години систематски се позиционирале на најатрактивните парцели во Барутана, истакнуваат од Левица.