Вчера во 14:00 часот во радовишкото село Калаузлија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(68) од истото село. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:30 часот на место викано „Голема река“ во атар на село Калаузлија подметнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума и сува трева.