Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик. При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.