Дополнително имаме донација од шпанската влада и експерт кој, исто така, учествува во работата во финиширање на овој проект. Јас очекувам проектот во ноември да биде комплетно готов. Штом ќе биде готов, веднаш ќе распишеме тендер за изведувач, односно да се почне со градба на овие две и уште една, трета зграда, изјави денеска министерката за образование и наука.