Вчера во 21:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода В.Т.(46) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнала нејзините родители. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.