Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш и Советот на 53. Караманови поетски средби го објавија конкурсот за најдобра необјавена поетска книга и за доделување на наградата „Караманов 2026“, соопштија денеска од оваа културна установа. Конкурсот е отворен од 25 септември до 10 октомври 2026 година, а право на учество имаат автори од Република Северна