Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на нафта и нафтени деривати до 31 октомври. Одлуката ја донесе Владата во технички мандат на 24 септември, а е објавена во „Службен гласник“. Забраната првпат беше воведена во март, со цел да се заштити домашниот пазар од евентуален недостиг на гориво и раст на цените, поради нарушувањата на светскиот пазар на нафта. …