Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење. „Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона …