Барала документи кои не се потребни, а за да изработи позитивен записник, им барала пари. Ова била шемата на инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство поради која е денеска приведена од полицијата. Осомничена е дека за да се стекне со лична корист, ја злоупотребила својата положба како инспектор во АХВ. Случајот е откриен по пријава во МВР – инспекторката ја пријавил сопственик на угостителски објект кој се пожалил дека таа му побарала пари при изработка на записник од направената контрола.