Тој на претпоследниот ден од неговиот мандат помилувал 49 лица, од кои 23 биле поврзани со протестите што траат речиси две години, потоа 12 луѓе од „Новисадската група“, како и 11 лица, кои учествувале во инциденти против „блокадерите“. Тој воедно имаше и обраќање синоќа пред своите симпатизери и подржувачи. Вучиќ посочи дека денеска ќе ги предаде своите должности на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, која ќе биде вршител на должноста претседател на Србија, како и дека првиот круг од претседателските избори ќе мора да се одржи до крајот на декември.