Десетти смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Викендов на Клиниката за инфективни болести починал 70-годишен пациент од Скопје, кој имал повеќе придружни заболувања. Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега, но и покрај преземените медицински мерки починал. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска …