Ветераните растураат низ американските континенти. После велемајсторијата на Меси (39) и солото на Милер (37), обрнете внимание на страшната левица на Анхел Ди Марија. Аргентинскиот ас беше двоен стрелец во финалето на Супер Купот на Аргентина, за победа од 3:1 на Розарио Централ против Естудијантес. Ди Марија во Розарио има 49 настапи, 19 гола и 8 асистенции, а ова му е втор трофеј.