Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.К.(32) од с.Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово,