Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги на лицата со оштетен слух. Водичот е изработен по иницијатива на Министерството од Даниела Дичовска, лиценциран толкувач на знаковен јазик, со цел да им обезбеди практични насоки на административните службеници во секојдневната работа. На промоцијата присуствуваа Снежана Трпевска, национална