Повеќе од една четвртина од сите вработени во Германија, односно 27 отсто, имаат корени од странство, покажуваат официјалните статистички податоци објавени денеска од Сојузниот завод за статистика. Податоците од микро-пописот за 2025 година укажуваат дека работниците со мигрантско потекло се од суштинско значење за повеќе сектори од германската економија, вклучувајќи ги здравството, угостителството и градежништвото. […]