Вчера во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.А. (19) од Куманово, затоа што на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнал малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против И.А. ќе следува соодветен поднесок.