Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска и биолошка заштита тестираа ласер за спротивставување на беспилотни летала во Ленинградскиот регион, објави денеска прес-службата на „Росгардаја“. За време на нивните маневрирања на различни растојанија, брзини и височини, проверени се техничките карактеристики и борбените способности на ласерите за уништување беспилотни летала од различни модели, објавија руските медиуми. …