Преку конкретни чекори и патокази Брисел го отвора патот за полноправно членство во Унијата за четири земји. Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија ќе добијат насоки и обврски што треба да ги завршат до зачленувањето. Бриселски „Политико“ повикувајќи се на информации од високи функционери на ЕК споделува дека на листата не се наоѓа Македонија. Заедно со Косово и Босна и Херцеговина сме во порана фаза на интеграции. Патокази нема да бидат испорачани ниту за Србија, Турција и Грузија чии апликации остануваат заглавени.