Во Собранието денеска започна Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На дводневниот настан учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од регионот. Во фокусот се законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот надзор, механизмите за следење и собирање податоци, како и стандардите