Сериозен случај во приватна клиника во Солун ја потресе грчката јавност, откако контролата на Националната управа за транспарентност открила дека во установата функционирало целосно опремено онколошко одделение без потребната законска дозвола. Според информациите објавени од грчките медиуми, во клиниката се спроведувале и хемотерапии, иако онколошкото одделение воопшто не било предвидено во важечката дозвола за работа …