Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети фестивалот „Мото Илинден Урбан драјв“, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во фокусот на фестивалот, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнувањето на свеста за безбедно учество во сообраќајот, соопшти МВР. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно …