Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се проширува пристапот до дизел што не се одданочува. Трамп ја потпиша уредбата за време на митинг во Небраска, истакнувајќи дека со него ќе се укине условот за употреба исклучиво за теренски возила и ќе им се овозможи на сите да купуваат таканаречен црвен дизел без да плаќаат данок.