Светска банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија за 2026 година. Наместо претходно очекуваните 2,9 проценти, сега се предвидува раст од 3,2 проценти. Според октомврискиот извештај, инфраструктурните проекти се очекува да бидат меѓу главните двигатели на економската активност. За 2027 и 2028 година, Светска банка прогнозира економски раст од по 3 проценти. […]