Делегација на Уставниот суд, предводена од судијата Добрила Кацарска и советникот на Судот Мартин Трајановски, учествуваше на меѓународната конференција „За Уставот, државата и демократијата“, која се одржа од 1 до 4 октомври во Тиват, Црна Гора. Конференцијата обедини претседатели, потпретседатели и судии на уставни и врховни судови од повеќе европски држави, како и високи претставници на Европскиот суд за човекови …