Наводно од ужасната глетка на своите ослепени војници, од срцев удар умрел царот Самоил.
Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, која се водела помеѓу војските на Самоил и византискиот цар Василиј II, трупите на Самоил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство. По битката, византискиот цар наредил да се ослепат околу 15 илјади самоилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така, ослепените војници биле испратени назад кај својот цар.