Општина Карпош продолжува со засилените контроли на терен за одржување на комуналниот ред. Во текот на изминатата недела, комуналните редари извршиле контроли на повеќе локации, при што покрај изречените опомени, биле издадени и седум прекршочни налози за неправилно одлагање отпад. Контролите биле спроведени во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи, со посебен фокус на