Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф–100 мм на улицата „Његошева“ бр. 15 без вода ќе останат дел од корисниците од истоимената улица населбата Тафталиџе II, Општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:00 часот па сѐ до отстранување на дефектот.