Северна Кореја ги критикуваше САД поради продажбата на оружје и воената поддршка за Тајван, наведувајќи дека со тоа Вашингтон ги поттикнува тензиите во Тајванскиот теснец, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA. Во коментарот на KCNA, во кој се цитира севернокорејскиот аналитичар за меѓународни односи Ким Мјонг Чол, се вели дека американската политика кон Тајван го поткопува мирот и стабилноста во …