Доктор Дарко Василевски го заврши шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет. Порача дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски на Фејсбук.