Хали Бери се огласи по тврдењата на нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез дека физички го малтретирала нивниот син Масео, а во судскиот поднесок актерката категорично ги отфрли таквите наводи. Во исто време, Бери истакнала дека и самата во текот на животот била жртва на семејно насилство, како во детството, така и подоцна, во возрасниот период. […]