По синоќешното приведување на обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, истрагата продолжува, а од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за денеска се најавени повеќе детали за случајот. Обвинителот бил приведен во Прилеп, а полицијата со судски наредби извршила претреси во неговиот дом и во службените простории на Вишото јавно обвинителство во Битола.