Пожар избувнал синоќа во викенд-куќа во Горно Соње, скопско, при што била опожарена куќата и околната трева. Повредени лица нема. „На 06.10.2026 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева“, соопшти МВР.