Одбојкарскиот шампион во женска конкуренција, скопски Работнички го комплетира ростерот за новата сезона со четири нови засилувања. Во црвено-белиот дрес пристигнаа примачите Бојана Маројевиќ, Кристина Спасовски и Мила Радеска, како и техничарката Миа Ѓорѓиевска. Маројевиќ во тимот носи искуство и квалитет, додека Ѓорѓиевска треба да донесе дополнителна енергија и креативност во организацијата на играта. Спасовски […]