Утре наутро времето ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност.