Судскиот совет ја прифати претставката за мобинг против претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев. Потпишана од вкупно 75 вработени, во неа се изнесуваат наводи за навреди, притисоци и нарушени меѓучовечки односи. Состојбата ја проверил и советот со увид во судот и разговор со вработените кои се пожалиле на односот на претседателката.