Високите цени на енергенсите може да останат и следната година. Директорката на ММФ, Георгиева, предупредува дека и ако војната на Блискиот Исток заврши наскоро, цените нема да се намалат веднаш. Нафтата сега се продава за околу 102 долари за барел. Покрај нестабилното снабдување од Заливот, дополнителен притисок создаваат високите трошоци за транспорт.