Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари целодневна посета на Карпош и на терен направи увид на тековните градски и заеднички проекти, а беа утврдени и приоритетите за наредниот период. – Договоривме јасни приоритети за следниот период, зад кои Град Скопје ќе застане со силна поддршка […]