Стотици студенти протестираат во белгискиот град Лиеж. Локалните медиуми објавија дека изминатите денови се уапсени 107 лица поради уништување на имот и подметнување на пожари. Студентите протестираат против белгискиот образовен систем на француски јазик, се поголемите трошоци за образование, пренатрупаните училници и ограничениот пристап до наставните материјали. Полицијата денеска ги претресуваше студентите дали носат оружје. […]