Кога Дмитриј Медведев се заканува со нуклеарна пепел, светот веќе научи да не се грижи премногу. Можеби затоа не слушнавме многу од него во последно време, иако Медведев во никој случај не исчезна - уште во септември зборуваше за можноста Киев и целите на НАТО да се претворат во „нуклеарна прашина“, а на 4 октомври се закани со уништување на сателитите Старлинк и „вселенска војна“. Исчезна, може да се каже, само од првиот поли...