Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Тирана присуствуваше на приемот организиран по повод именденот на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, Јоан. Стерјовски лично му го честиташе именденот на Архиепископот Јован, упатувајќи му желби за добро здравје, долг живот и успех во неговата духовна служба. ...